Останува старата цена за сместување за студентите

Останува старата цена за сместување за студентите

Останува старата цена на трошоците за сместување и исхрана во студентските домови.
Нема да се реализира најавеното покачување на цената за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови во Скопје.
Државниот Студентски Дом „Скопје“ на седницата на Управен Одбор, денеска, донесе одлука да нема промена во цената.
Оваа одлука била донесена во координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири, по реакцијата на студентите.
Наместо предвидените 3.945 денари, студентите ќе плаќаат 3.645 денари, исто…

Read More

МОН: Завршија градежните активности во 40 училишта

МОН: Завршија градежните активности во 40 училишта

Министерството за образование и наука информира дека се завршени градежните активности во 40 училишта каде во текот на летниот период се работеше на подобрување на санитетско – хигиенските услови и на пристапноста за учениците и лицата со попреченост.
-Во најголем дел од објектите кои беа опфатени, се изградија пристапни рампи и се адаптираа тоалети за ученици со посебни потреби. Некаде пак, се реконструираа постојните тоалети, подовите и воопшто внатрешноста на објектите, вклучително и училниците. Овие училишта…

Read More

Цените на производите повторно ќе се замрзнат

Цените на производите повторно ќе се замрзнат

Маркетите ги отстранија производите со акциски цени и повеќе нема промоции на продуктите. Со стапувањето на сила на владината одлука се забрануваат сите промотивни акции на прехранбени производи. Надлежните сметаат дека на овој начин се правеле манипулаци и со цените и се избегнува можноста за намалување на цените и нивно замрзнување.
Секој потрошувач од среда ќе има можност во супермаркет да купува по означена цена која нема да може да се зголемува воопшто, а утре на…

Read More

Студентски отпор најавува масовна мобилизација на студентите, протестите не се исклучени како опција

Студентски отпор најавува масовна мобилизација на студентите, протестите не се исклучени како опција

Како и секоја академска година, така и оваа 2023/24 студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години, велат од Студентски отпор.
Според Студентски отпор, годинава, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денарии, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто.
Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година…

Read More

МВР: 433 санкции за брзо возење

МВР: 433 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 433 возачи. Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 247 возила ја пречекориле…

Read More

Нов протест за случајот „Онкологија“

Нов протест за случајот „Онкологија“

Под мотото „Правда за жртвите“ за денеска најавен е нов протест за скандалот во Онкологија во организација на неформалната група „Протест против убиството на Онкологија“.
Пред половина месец инспектори и обвинители влегоа на Клиниката за онкологија.
Земени се компјутери, документи и медицинска евиденција на пациентите.

Read More

Пендаровски ја предводи државната делегација на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Пендаровски ја предводи државната делегација на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска до 22 септември 2023 година, ќе ја предводи државната делегација на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Претседателот Пендаровски на 22 септември 2023 година, петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините Цели за одржлив развој кон…

Read More

Влада: Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО

Влада: Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО

Охридскиот Регион, како универзална вредност, останува на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Одлуката е соопштена на 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија.

Read More

Две лица потешко повредени во сообраќајна незгода

Две лица потешко повредени во сообраќајна незгода

Во сообраќајна незгода која се случила на крстосница од магистралниот пат Куманово- Крива Паланка и регионален пат Ранковце-село Герман потешко се повредени две лица.
Полицијата информира дека незгодата се случила вчера во 13 часот, помеѓу патничко моторно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од К.К.(59 години) од Крива Паланка, и товарно моторно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(53 години) од село Костурино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот К.К. и…

Read More

Во државата не се увезени краставици со поголемо количества на фунгицид металаксил

Во државата не се увезени краставици со поголемо количества на фунгицид металаксил

Агенцијата за храна и ветеринарство по спречениот увоз во Словенија, информираат дека српски краставици со поголемо количество на фунгицид металаксил не се увезени во Македонија.
Надлежните ја следат состојбата и доколку има потреба навреме ќе реагираат, информираат тие за весникот Вечер.
Инаку на граница за влез во Словенија запрена е испорака на краставици кои потекнувале од Србија и биле наменети за пазарот во Словенија. Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (РАСФФ) соопшти дека на…

Read More
1 3 4 5 6 7 109