Откриен хероин кај кумановец

Откриен хероин кај кумановец

33- годишен кумановец и жител на Свети Николе вчера биле приведени откако кај кумановецот бил пронајден хероин, а кај другото лице поголема сума на пари, информира МВР. двете лица биле лишѓени од слобода вчера околу 17 часот на наплатната станица Сопот. При преглед во возилото и нивен личен преглед, кај кумановецот биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај другото лице биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека…

Read More

(ВИДЕО) Одбележан Националниот ден на унгарскиот народ во Куманово

(ВИДЕО) Одбележан Националниот ден на унгарскиот народ во Куманово

Преку презентирање на културната и историската традиција на Унгарците и дегустација на традиционалната унгарска кујна, во Куманово вчера беше одбележан Националниот ден на унгарскиот народ. На културниот настан организиран од општина Куманово преку секторот за култура, спорт, социјална заштита и заштита на децата се обратија градоначалникот Максим Димитриевски и амбасадорот на Р. Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс.
Пред присутните во Занаетчискиот дом, Димитриевски ги истакна пријателските односи со Унгарија, со цел поврзување на културата и…

Read More

Пожарникарите бележат неколку интервенции

Пожарникарите бележат неколку интервенции

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие имале две интервенции. Првата била техничка интервенција на отворање на стан на булеварот „Октомвриска Револуција“, а втората во село Глажња, Општина Липково, каде гаснеле запален смет. По неколкучасовна интервенција пожарникарите се повлекле, бидејќи не можеле да интервенираат од големината на снегот, но немало опасност од проширување на пожарот.
Пожарникарите од Старо Нагоричане пак интервенирале на запалена сува трева и овоштарник во село Пелинце.

Read More

Каменуван патнички воз кај Лопате

Каменуван патнички воз кај Лопате

Неколку лица каменувале патнички воз кој сообраќал на релација Табановце – Скопје, информира полицијата. Завчера по 21 часот, на делот од пругата помеѓу железничка станица Карпош и железничка станица Куманово, кај патниот премин кој води до село Лопате, кумановско, неколку лица го каменувале патничкиот воз кој сообраќал на релација Табановце – Скопје. Притоа, биле направени оштетувања на возот, додека повредени патници и персонал нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Одземен златен накит на Табановце

Одземен златен накит на Табановце

Пронајдени и одземени повеќе парчиња златен накит и друга вредна стока на граничниот премин Табановце. Полицијата информира дека при преглед на автобус со македонска национална ознака, кај патниците С.Т.(22 години) од Тетово и А.С.(21 година) од Скопје пронашле и одзеле повеќе парчиња златен накит и друга вредна стока за која не поседувале документација. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

ХРВАТСКА: НАЈДОБРИОТ ПОВТОРУВАЧ ЗАРОБЕН ВО ВРЕМЕТО

ХРВАТСКА: НАЈДОБРИОТ ПОВТОРУВАЧ ЗАРОБЕН ВО ВРЕМЕТО

ЗОРИСЛАВ АНТУН ПЕТРОВИЌ
 
Не треба да се биде претерано оптимистичен бидејќи ниту еден пропис нема смисла доколку не се спроведува, а Хрватска во повеќе наврати покажа дека е прилично долг патот од создавање до спроведување прописи.
Неодамна објавениот индекс на перцепција на корупцијата, алатка за мерење на корупцијата што не е толку лоша како останатите и што Транспаренси интернешнал ја користи за да ги потресе владите од некои делови од светот веќе со децении, потврди дека Хрватска…

Read More

Црвен крст објави дека може да се донира за Украина

Црвен крст објави дека може да се донира за Украина

Црвениот крст на Република Македонија денеска соопшти дека продолжува и понатаму да ја следи ситуацијата во Украина и ги повикува сите заинтересирани правни субјекти и граѓани кои можат да се вклучат во обезбедување парична помош. Рокот за донирање парична помош продлжува до 15 април годинава.
Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ е: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населенито во Украина.
Може и да  се донираат 100 денари…

Read More

Министерот Спасовски се сретна со амбасадорот на Шпанија

Министерот Спасовски се сретна со амбасадорот на Шпанија

Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски и  директорот на Бирото за Јавна безбедност Сашо Тасевски  се сретнаа со амбасадорот на Шпанија во Република  Северна Македонија, Хосе  Луис  Лозано Гарсија и новоименуваниот    аташе  за  внатрешни  работи за Република Северна Македонија со седиште во Софија, Хуан Пабло Иглесиас.
На средбата беше разговарано за досегашната билатерална соработка помеѓу двете држави, за што и двете  страни  се  согласија дека меѓународната полициска соработка  се одвива на  високо  професионално  ниво и…

Read More

Општина Куманово во програма за почист воздух

Општина Куманово во програма за почист воздух

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска заедно со претседателката на Советот на Општина Куманово, секретарот и претставници на општинската администрација одржаа состанок со претставници од Делегацијата на ЕУ и UNOPS (Канцеларија на Обединети нации за проектни услуги). Целта на средбата се подготвителни активности на проектот „EU for Clean Air“, кој е дел од Програмата на ЕУ за претпристапна помош – ИПА 2021.

Согласно Програмата ќе се работи на подобрување на воздухот во урбани центри во која…

Read More

Тешко повреден пешак на „Никола Тесла“

Тешко повреден пешак на „Никола Тесла“

Педесет и едногодишна кумановка била потешко повредена откако во неа удрило возило на улицата „Никола Тесла“, информира СВР Куманово.
Вчера околу 18 часот, во кумановската полиција било пријавено дека на улица „Никола Тесла“, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(19 години) од Куманово, удрило во В.Ц.(51 година) од Куманово. Во несреќата В.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на…

Read More
1 297 298 299 300 301 878