Минималната синдикална кошничка за февруари 36.146 денари

Минималната синдикална кошничка за февруари 36.146 денари

Минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 36.146 денари и е повисока за 335 денари во споредба со јануари 2022 година.
Од нив за исхрана и пијалаци одат 15.440,48 денари или 42,72 отсто, а за домување се неопходни 11.511,6 денари, односно 31,85 отсто.
За хигиена на едно четиричлено семејство во февруари годинава според синдикалната кошничка му биле потребни 2.453,63 денари или 6,79 отсто, за превоз 2.766,32, односно 7,65 отсто и за облека и обувки 2.156,61 денар, поточно 5,97…

Read More

Осмомартовски марш за женската сиромаштија – утре во Скопје

Осмомартовски марш за женската сиромаштија – утре во Скопје

Утре, на Меѓународниот ден на жената, ќе се маршира за женската сиромаштија, која се продлабочи со пандемијата на ковид-19 и сите последици.
Маршот ќе започне напладне во Жена-парк, а ќе продолжи кон Владата, се вели во соопштението на Платформата за родова еднаквост.
Со почеток во 12 часот, на овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што ние жените сме еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаме еднаквост во речиси ниту еден…

Read More

Приведен 21 -годишен кумановец

Приведен 21 -годишен кумановец

-Денеска, во 12.30 часот на бул. „Киро Глигоров“ во Скопје од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба е лишен од слобода  21 -годишен кумановец по претходно издадена судска наредба од Основен суд Куманово, а бил баран за издржување казна затвор во затвор Куманово. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, известува МВР.

Read More

Од денеска Велигденски пост

Од денеска Велигденски пост

Од денеска почнуваат Велигденските пости. Свештениците велат- постот е и телесен и духовен. Велигденскиот пост опфаќа 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Овој пост важи за најстрогиот пост во годината, бидејќи се пости на вода, со исклучок на викендите, освен кога се работи за Голема сабота, ден пред Велигден.
Се нарекува Четириесетница затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето…

Read More

(ВИДЕО)Продлабочување на соработката помеѓу културните центри од Куманово и Софија

(ВИДЕО)Продлабочување на соработката помеѓу културните центри од Куманово и Софија

Преку взаемни посети, театарски претстави, изложби, настапи на оркестри Куманово и Софија, преку центрите за култура ќе ја продлабочуваат соработката, која и досега е на завидно ниво. Директорот на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски посочува дека минатонеделната посета на културниот центар во Софија ќе резултира со успешни културни настани годинава и во двете земји.
-Најпрвин договориме посета на кумановскиот Театар со претстава во град Ловеч, а исто така и тие со нивна театарска…

Read More

(ВИДЕО) Граѓанските организации на обука за Reload2

(ВИДЕО) Граѓанските организации на обука за Reload2

Во организација на општина Куманово денеска се одржа обука на граѓанските организации за начинот на кој треба да ги подготват апликациите за јавниот повик од проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2.
Грантовите ќе бидат во висина од 5.000 до 30.000 евра.
Програмата е финансирана од ЕУ, а се имплементира од УНДП во партнерство со општина Куманово.
Повеќе од прилогот во видеото.

Read More

Санкции за 86 возачи на подрачјето на Куманово

Санкции за 86 возачи на подрачјето на Куманово

Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на Куманово полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 86 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму потенцираат, дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Read More

Владата планира нови мерки за зачувување на животниот стандард

Владата планира нови мерки за зачувување на животниот стандард

Владата на Република Северна Македонија континуирано ја следи состојбата и со конкретни мерки делува за да се зачува стандардот на граѓаните. Во таа насока во текот на наредните неколку денови јавноста ќе биде информирана за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите.
Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни…

Read More

Се намалува бројот на ковид-позитивните

Се намалува бројот на ковид-позитивните

Во текот на изминатата недела (28.02.2022 до 06.03.2022) во Куманово намален е бројот на нови случаи споредбено со неделата претходно.
Според статистиките на Министерството за здравство во текот на изминатата седмица регистрирани се вкупно 118 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во седумте дена претходно, биле евидентирани 159 новозаболени.
Најмногу нови случаи за еден ден во текот на изминатата недела биле регистрирани во четвртокот,  кога 34 лица биле позитивни на ковид-19.
Во текот…

Read More

(ВИДЕО)Нова пониска цена за гас од добавувачите за февруари

(ВИДЕО)Нова пониска цена за гас од добавувачите за февруари

„Куманово гас“ доби нова пониска цена за гас од добавувачите за месец февруари, но сепак цената е висока споредбено со декември, минатата година, соопштија надлежните од претпријатието. Во моментов ЈП „Куманово-Гас“ располага со вишок количини на гас, бидејќи потрошувачката е речиси двојно намалена.
 

Read More
1 304 305 306 307 308 878