Стоковни резерви имаат доволно, тврдат надлежните

Стоковни резерви имаат доволно, тврдат надлежните

Нема места за загриженост на граѓаните и не треба да се шири непотребна паника, како што се ширеше минатата година, кога се појави вирусот и кога граѓаните настојуваа да се снабдат со намирници за подолг период. Стоковните резерви по закон се покриени со сите количини што треба да ги има во складовите на Агенцијата, а уште толкава количина имаме и кај приватните складишта, што значи дека не сме во кусок, изјави за „Утрински брифинг“ Реси Абдурахмани, директор на…

Read More

(ВИДЕО) Градинката „Ангел Шајче“ во проект „Социјална кохезија и културен дијалог“

(ВИДЕО) Градинката „Ангел Шајче“ во проект „Социјална кохезија и културен дијалог“

„Социјална кохезија и културен дијалог“ е насловен проектот во кој наредните шест години ќе биде вклучена кумановската градинка „Ангел Шајче“. Проектот го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на УНИЦЕФ и амбасадата на Велика Британија.
Надлежните информираат дека проектот опфаќа програма која овозможува баланс на развој на когнитивните вештини и писменоста, со посебно внимание на емоционалниот и социјалниот развој, со примена на нови алатки, стратегии и техники.
-Сето тоа во нашата градинка и воопшто…

Read More

Ќе се одржи состанок на Локален совет за превенција

Ќе се одржи состанок на Локален совет за превенција

Општина Куманово во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово в петок ќе организираат состанок на Локалниот совет за превенција. На состанокот ќе се разговара за следните теми:

Сообраќај и непрописно паркирање на возила,
Изложбен простор пред деловни продажни објекти и тераси пред угостителски објекти,
Контрола и превенција на јавни депонии.

Состанокот ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 13 часот.

Read More

Османи: Се прават напори да се извлечат нашите граѓани од Украина

Османи: Се прават напори да се извлечат нашите граѓани од Украина

Семејството со новороденчето е извлечено од Харков, не се излезени се уште од Украина, но се безбедни, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Денеска уште едно семејство од Запорожје со воз излегуваат од Украина и двајца поединци, исто така од нашите граѓани од Киев со кола се приклучени на еден конвој, додека останатите 15 монитори од специјалната мисија денеска исто така ја напуштија Украина. Така што, во моментот имаме само еден од тие…

Read More

Поскапувањето на струјата ќе ги стемни општините, спас се гледа во Владата

Поскапувањето на струјата ќе ги стемни општините, спас се гледа во Владата

Владата да ги покрие високите сметки за електрична енергија на општините и да ги запише училиштата и општинските згради како домаќинства, бара ЗЕЛС. Градоначалникот на Ѓорче Петров вели дека ако не им помогнат, општината нема да може да им излезе во пресрет на граѓаните. Градоначалникот од Ценатр, пак, е мирен до мај, до тогаш е потпишан договорот за струја. Сите се согласни дека на локалната самоуправа ѝ е потребна поголема децентрализација.
 
ТВ верзија

 
Оваа содржина ја изработи Институтот…

Read More

Влада: Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи

Влада: Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи

Maкедонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Владата апелира до граѓаните да бидат смирени бидејќи не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи.
„Владата и државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните. Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат резерви за повеќе од 35 дена…

Read More

Сите фактори кои доведоа до војна во Украина

Сите фактори кои доведоа до војна во Украина

Виктор Јакимовски

Колку всушност е длабок овој проблем, за да дојде до точка од која „нема враќање“?
 
Иако до пред само неколку недели изгледите за војна изгледаа минимални и сите потези на Кремљ изгледаа како средство за создавање на подобри позиции во преговорите, сепак дојде до воени интервенции. Историски овие два народа се нарекуваа „братски“, но кога државните интереси се во прашање, по се изгледа тоа е ирелевантно.
Примакова „доктрина“
Евгениј Примаков без сомнение е гуруто на руската надворешна…

Read More

Министерката Тренчевска на средба со Синдикатот на УПОЗ

Министерката Тренчевска на средба со Синдикатот на УПОЗ

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ. На средбата се разговарало за покачување на платите на административните работници, исплата на регресот за годишен одмор за 2020 година, за бенефициран стаж на давателите на услуги во центрите за социјална работа и изнаоѓање на начин за репрезентативноста на Синдикатите во колективното договарање.
Претставниците на Синдикатот на УПОЗ предлагаат покачувањето на платите на административните работници да биде скалесто, бидејќи…

Read More

ЈП „Водовод“ интервенира на шест локации во градот

ЈП „Водовод“ интервенира на шест локации во градот

Шест локации во градот поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа денеска ќе бидат без вода.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, поради дефект на водоводна цевка, прекини во снабдување со вода денеска ќе има на улицата „Ратко Митровиќ“, месноста викана Бавчи, Средорек и улицата „Гоце Делчев“.
Поради изведба на водоводна шахта за монтажа на опрема за мониторинг на водоводна мрежа прекини во водоснабдувањето ќе има на улицата „Братство и единство“.
Без вода ќе бидат и корисниците…

Read More

Малишиќ: Стопанствениците ќе обезбедат доволно пченица и брашно

Малишиќ: Стопанствениците ќе обезбедат доволно пченица и брашно

Граѓаните да не стравуваат и да не креваат паника, зашто стопанствениците ќе обезбедат доволно пченица и брашно, вели претседателот на Групацијата за мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора на Северна Македонија, Горан Малишиќ.
Според Малишиќ, санкциите кон Русија од македонска страна би биле катастрофални ако ние како држава не би имале други пазари за суровини, како што се Србија, Унгарија, Романија и Бугарија.
Денеска престанува да важи одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи…

Read More
1 308 309 310 311 312 878