Избрани новите заменици-министри во Владата на Ковачевски

Избрани новите заменици-министри во Владата на Ковачевски

Зоран Маневски од НСДП е нов заменик-министер на министерството за економија. Тој е избран на функцијата вчеравечер заедно со останатите заменици-министри во Владата, предложени од претседателот Димитар Ковачевски.
Премиерот Ковачевски, во обраќањето порача дека најважно од сѐ е да се работи посветено, стручно и ефикасно.
„ На оваа позиција се нафатив, предложив министри и заменици-министри за да работиме и спроведуваме, за да покажеме резултати и граѓаните да ги ползуваат нашите решенија. Имаме план, со рокови, обврски, носители…

Read More

Пронајден починат мигрант во селото Речица

Пронајден починат мигрант во селото Речица

Во Речица вчера било пројандено безживотно тело на мигрант. Според СВР Куманово,  на 10 февруари во 16.03 часот во полицијата било пријавено дека во водите на езерото во с.Речица било пронајдено тело на машко лице – мигрант.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на погребално претпријатие, информираат од СВР Куманово.

Read More

Започнаа подготовки за изградба на кружен тек на крстосницата помеѓу „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“

Започнаа подготовки за изградба на кружен тек на крстосницата помеѓу „Трета МУБ“ и  „Октомвриска револуција“

Сообраќајниот метеж во градот општина Куманово ќе го решава со изградба на неколку кружни текови.
Деновиве е отпочната подготовка на теренот за изградба на новиот кружен тек на крстосницата помеѓу булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска Револуција“, во близина на Митев мост. Проектот ќе чини 36,5 милиони денари, а градежните работи се планира да започнат во март месец.
Ова е првиот од ветените пет нови кружни текови на клучни локации во градот. Градоначалникот Максим Димитриевски во својата програма…

Read More

Ненад Стојановски гостин во „СТАВ“

Ненад Стојановски гостин во „СТАВ“

Раководителот на Секторот за даноци и такси при Општина Куманово, Ненад Стојановски гостува во емисијата „СТАВ“. Тој ќе зборува за присилната наплата за даноци, свесноста на кумановци за надмирување на оваа обврска, но и за примената на новиот Закон за даноци.
Гледајте „СТАВ“ на ТВ Плус во петок во 20 часот!

Read More

Досега пристигнале 6.500 барања за финансиска помош за покривање на дел од сметките за електрична енергија

Досега пристигнале 6.500 барања за финансиска помош за покривање на дел од сметките за електрична енергија

До Министерството за економија заклучно со вчерашниот ден стигнале вкупно 6 500 барања за финансиска помош за покривање на дел од сметките за електрична енергија од страна на домаќинствата со ниски примања, а во врска со повикот за финансиска поддршка кој претходно го објави ресорното министерство.
Министерот за економија Крешник Бектеши информира оти согласно буџетот кој е одвоен за оваа намена, односно вкупно 60 000 денари, со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7 000…

Read More

Ќе почне да функционира бројот 112

Ќе почне да функционира бројот 112

Европскиот број за итни случаи 112 се пушта во употреба и за македонските граѓани, кои во итен случај, со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата, соопштија од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Воведувањето на европскиот број за итни повици Е-112 е овозможено со поддршка на Европската Унија.
Директен корисник е Центарот за управување со кризи, a воспоставувањето на…

Read More

(ВИДЕО) Полуподземните контејнери даваат резултати, ќе се постават и дополнителни

(ВИДЕО) Полуподземните контејнери даваат резултати, ќе се постават и дополнителни

Полуподземните контејнери коишто се поставени на седум локации во централното градско подрачје ги дадоа посакуваните резултати, бидејќи собираат значајно поголеми количини смет, истакна при гостувањето во емисијата „СТАВ“, директорот на „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски. Тој информираше дека наскоро ќе се постават дополнителни нови, кои се набавени со поддршка на општината. Еден ваков контејнер заменува дури пет мали, па веќе нема потреба возилата на јавното претпријатие по неколкупати во денот да поминуваат на локациите, а…

Read More

Приведен Албанец, пријавил туѓа патна исправа

Приведен Албанец, пријавил туѓа патна исправа

Дваесет и петгодишно лице од Албанија било приведено, бидејќи на граничниот премин Табановце, поради постоење основи на сомнение дека се послужил со туѓа патна исправа. При извршен преглед кај него била пронајдена албанска патна исправа со неговиот вистински идентитет, информира полицијата. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Read More

Казнети возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Казнети возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

На подрачјето на СВР  Куманово во текот на вчерашниот ден (09.02.2022) од 15.00 до 20.00 часот  спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин. При контролата констатирани се 7 прекршоци и на возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби, информира од СВР Куманово.

Read More

Санкционирани 236 возачи во државата

Санкционирани 236 возачи во државата

Во текот на вчерашниот ден (09.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи.
Од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината…

Read More
1 327 328 329 330 331 878