Учениците и наставниците денеска протестираа пред подрачното Министерстворо за образование и наука барајќи укинување на новите реформи во образовниот систем. До самиот почеток на протестот, неизвесно беше дали наставничкиот пленум ќе им даде јавна поддршка на средношколците. Иако скоро месец дена присуствуваат на состаноците на средношколскиот пленум, велат дека пресудно за нивната одлука да се придружат биле истите проблеми со кои се соочуваат и учениците и наставниците.
– Кои се тие проблеми? Образование коешто не е…
Вести
Започна пролетно крпење на ударни дупки
Започна пролетното крпење на ударни дупки на улиците во градот. Од Општина Куманово велат дека во првата фаза е предвидено да се асфалтираат оштетените улици во централното градско подрачје, а потоа ќе се интервенира на улиците и патиштата во приградските населби.
-Претходните денови се правеше подготовка на ударни дупки, знаеме дека во текот на зимата и по обилните дождови се појавија поголем број на ударни дупки. Денеска правиме подготовка во централното градско подрачје кај Комитет, Народна Револуција,…
Пропаѓа некогашниот дом на АРМ
Скршени врата и прозорци, откорнати радијатори и кабли од ѕидовите, уништен инвентар и мебел во поранешните работни простории , расфрлан книжен фонд од интерната библиотека е сликата што ќе ве пресретне доколку одлучите да влезете во некогашниот репрезент на градот, Домот на АРМ. Само голи ѕидови и цигла останаа од овој огромен објект кој веќе подолго време е руина и собирно место на бездомници, корисници на дрога, пиромани, собирачи на старо железо и пластика. Распаѓањето…
Read MoreСредношколците можат да ја изгубат учебната година?
Поради недоволен број на реализирани часови, Државниот просветен инспекторат им предочил на средношколците дека постои можност да ја изгубат учебната година. Поради ова, Средношколскиот пленум одлучи да започне со поблага форма на бојкот на настава, која предвидува учениците да присуствуваат на настава со скратени часови, но одбиваат да слушаат предавања. Како што велат од пленумот, ваквата форма на бојкотот е со цел да се евидентира доволен број на часови за да матурантите не изгубат право…
Read MoreСе одржа „Детски семафор“
Ученици од 12 основни училишта од Куманово, Старо Нагоричане и Липково учествуваа на општинскиот сообраќаен натпревар „Детски семафор“, кој што се одржа во училиштето „Толи Зордумис“. Виолета Богдановска од отсекот за превенција при СВР Куманово, истакна дека бројот на учесници на натпреварот последните години се повеќе се зголемува, бидејќи покрај натпреварувачкиот карактер има и многу дружење меѓу учениците.
-Манифестацијата инаку се организира повеќе од 50 пати на нашето подрачје и од година во година имаме се…
ЛДП од Куманово спроведе крводарителска акција
Општинската организација на ЛДП од Куманово, денеска спроведе крводарителска акција. Ова е една од низата активности организирани по повод 18-иот роденден на партијата.
– Мора да кажеме дека ЛДП е партија која прва отпочна со овие активности од 2000 година, во низа од 15 години даруваат нашите членови и симпатизери. Имаме доста членови од ЛДМ, изјави Зоран Павловски, член на Извршен Одбор на ЛДП.
Членовите и симпатизерите на партијата велат дека секоја година даруваат крв,а тоа што…
Жешката вода во бунарот постепено се лади
Белгиски бизнисмен сака да изгради бања на местото каде што се појави топла вода во бунар во Черкеско село. Белгијанецот испратил свои луѓе во Македонија кои деновиве го посетиле семејството Давиткови.
-Дојдоа од Белгија од некое здружение да ја испитаат водата да прават бања бидејќи по состав таа била богата со магнезиум и други состојки и била лековита вода. Тие разбрале за водата и ќе дојдат за неколку дена да ја испитуваат, изјави Стојан Давитков, сопственик…
Жителите на Прмакови ниви бараат канализација
80-ина семејства од улицата „Доне Божинов“ или попозната како Прмакови ниви, која се наоѓа зад Споменик Костурница, со децении живеат без канализација и асфалт. Иако се наоѓаат на помалку од два километри од центарот на градот, граѓаните се чувствуваат како да се отсечени од светот. Револтираните жители тврдат дека и покрај нивните барања да им се решат овие основни инфраструктурни проблеми, за сега нема одговор од надлежните.
-Јас сум тука од 90-ти години нема ништо, само…
Музеј Куманово со модна ревија ќе се претстави во Софија
Mодната ревија насловена како „Модните трендови и културата на живеење од Ала франга до современа мода“ што ја организира Музеј Куманово, во петок ќе гостува во Културно-информативниот центар во Софија. Ревијата веќе беше прикажана во Куманово, Скопје и Крива Паланка, а главната цел е да се прикаже културното богатство надвор од границите на Република Македонија коешто претставува обележје на еден народ, во овој случај на Куманово.
– Прв пат ја носиме ревијата надвор од границите на…
Средношколци: Правото на бојкот ни е загарантирано со Устав
Средношколскиот пленум, денеска покрај бојкот на наставата, свика и прес конференција, на која ги објасни деталите околу нивните активности пред кумановските новинари. Претставници од пленумот изјавија дека веќе цела недела, наставата ја бојкотираат ученици од 25 училишта во Република Македонија, а денеска е трет ден како активностите на пленумот се спроведуваат во средните училишта во Куманово. За учениците поприфатливо е да се врати стариот концепт за полагање на државна матура и да се стави екстерното…
Read More