Заврши асфалтирањето на улиците „146“ и „149“

Заврши асфалтирањето на улиците „146“ и „149“

Заврши асфалтирањето на улиците „146“ и „149“ во населбата Карпош, информираа  надлежните од секторот за комунални дејности.
Претходно, заврши асфалтирањето на десетина улици во населбата, а беше поставен и бекатон на неколку улички, кои како што појаснија од секторот, поради конфигурацијата на теренот не можеа да се асфалтираат.
Поголем дел од улиците во оваа населба не беа асфалтирани, надлежните се надеваат дека ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Read More

Почна изградбата на спортското игралиште во село Пчиња

Почна изградбата на спортското игралиште во село Пчиња

Почна изградбата на спортското игралиште во село Пчиња, соопштија денеска надлежните. Теренот се подготвува за асфалтирање.
Спортското игралиште ќе го користат жителите на Пчиња, рекреативците, спортистите.
Ова е едно од петте игралишта кои општината ги гради во Куманово и руралните средини во изминатиов период и освен во Пчиња, се гради во Клечовце во основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, во Романовце и во Агино село,  чија изградба е завршена.

Read More

(ВИДЕО) Отворена изложбата „Система“ од Никола Радуловиќ

(ВИДЕО) Отворена изложбата „Система“ од Никола Радуловиќ

Во Уметничката галерија вчеравечер беше отворена изложбата „Система“ од кумановскиот мултимедијален уметник Никола Радуловиќ, кој што живее и работи во Софија, Бугарија. Радуловиќ изложувал и на неколку групни изложби во земјава и странство. Предмет на негов интерес се дигиталните медиуми и интернетот како простор. Изложбата  е дел од WIRE ARTWORKS 2021, а како проект е поддржан од министерството за култура.

Read More

Трето место за училиштето „Киро Бурназ“ на Trash Fashion

Трето место за училиштето „Киро Бурназ“ на Trash Fashion

Државното средно училиште  РЦСОО „Киро Бурназ“  освои трето место на Trash Fashion – Јубилејно десетто издание на натпреварувачкото модно шоу за креации изработени со реупотреба на отпад. Тимот од „Киро Бурназ“  беше во состав од ученичките Меланиа Стојмановска, Ангела Станишковска и Анастасија Пешевска, под менторство на Данијела Митиќ.

Read More

(ВИДЕО) Отворена изложбата„ Распетие на светлината“ од Марија Величковска

(ВИДЕО) Отворена изложбата„ Распетие на светлината“ од Марија Величковска

„ Распетие на светлината“ е насловена најновата изложба од авторот Марија Величковска, отворена вчеравечер во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.
Кумановци ќе имаат можност да разгледаат 26 слики коишто дипломираната сликарка во насоката модно креирање ги работела изминатите три години и се дел од нејзиниот трет тематски циклус на самостојно презентирање на најновата сликарска продукција. Величковска од 1994 -та до годинава учествувала на бројни изложби во државата.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството…

Read More

(ВИДЕО) Планинарите од „Козјак 2013“ го одбележаа Светскиот ден на планината, 11-ти декември

(ВИДЕО) Планинарите од „Козјак 2013“ го одбележаа Светскиот ден на планината, 11-ти декември

Планинари од планинарското здружение „ Козјак 2013“ и граѓани рекреативци изминатата недела беа дел од акцијата „ Од Водно до Матка“, организирана од Федерацијата на планинарски клубови од Македонија,по повод Светскиот ден на планината, 11-ти декември.

„Во традиционалната акција учествуваат членови на сите планинарски клубови, но годинава кумановци без најбројни“, вели Ангела Петковска од здружението „Козјак 2013“.
– Ние оваа година бевме и најбројни, имавме два полни автобуси, тоа беа планинари, но и граѓани рекреативци кои што…

Read More

(ВИДЕО) Биди своја: Неопходен е сервис за жртвите на насилство во општината

(ВИДЕО) Биди своја: Неопходен е сервис за жртвите на насилство во општината

Да се отвори сервис за жртвите на секаков вид насилство кој што ќе функционира во рамките на општина Куманово, да се направи регистратор за евиденција на жртвите на семејно насилство, да се продлабочи соработката меѓу граѓанските организации, надлежните институции и засегнатите граѓани отворено да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат, а не да ги кријат сторителите, се дел од пораките упатени од синоќешната трибина „Невидливата страна на насилството“, организирана во рамките на Националната кампања…

Read More

Саем на книга со две издавачки куќи

Саем на книга со две издавачки куќи

Уште утре кумановци ќе имаат можност да ги збогатат домашните библиотеки со најновите изданија на најчитаните автори. Од вчера започна првиот саем на книгата со издавачките  куќи „Полица“ и „Култура“ во организација на градската библиотека „Тане Георгиевски“.
-Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност овие денови од 10 до 19 часот да го посетат саемот и да уживаат во најновите наслови како на литература за возрасни, така и на литература за деца. Саемот се организира на…

Read More

ВИДЕО: Целосна реконструкција на Гимназијата „Гоце Делчев“

ВИДЕО: Целосна реконструкција на Гимназијата „Гоце Делчев“

Со проект вреден околу 21 милион денари целосно ќе се реконструира Гимназијата „Гоце Делчев“. Деновиве се работи на менување на покривот и поставување на енергетска ефикасност на фасадата, а претходно беа поставени и нови прозорци. Средствата се обезбедени од Општина Куманово.
– Се работи на замена на целата столарија во училиштето каде што се поставени прозорци со висок квалитет со четири сезони, три комори. Тоа веќе целосно е завршено, сега во тек е менување на кровната…

Read More

Нови 12 Ковид-случаи во Куманово, 47-годишен кумановец почина

Нови 12 Ковид-случаи во Куманово, 47-годишен кумановец почина

Нови 12 случаи на Ковид-19 во Куманово регистрира министерството за здравство во последните 24 часа, а вкупно на ниво на државата 361.
Од министерството посочуваат дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица, од кои едно починато лице од Куманово (47 г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021…

Read More
1 372 373 374 375 376 878