Стечајците на протести пред државните институции

Стечајците на протести пред државните институции

Стечајните работници од здружението „Унит“ во четврток ќе протестираат пред Владата, министерствата за труд и социјална политика и за финансии. Тие од надлежните бараат да ги обештетат и да ги вработат, бидејќи како што велат, секојдневно се соочуваат со финансиски потешкотии и едвај сврзуваат крај со крај.
-Ќе протестираме по еден час пред Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии, ќе ги изнесеме нашите барања и ќе бараме прием, потоа ќе продолжиме кон…

Read More

Пожари во Стрима и Доброшане

Пожари во Стрима и Доброшане

Со затоплување на времето почнаа и првите пожари во кумановско. Во тек на изминативе два дена противпожарната единица Куманово регистирала два пожари, од кои едниот е во липковското село Стрима, а вториот во Доброшане.
Пожарот во Стрима кој избувнал во недела попладне, траел до раните утрински часови во понеделник. Во истиот била зафатена дабова и букова шума и трева во површина од пет хектари.
Во гасењето учествувало јавното претпријатие Шумско Стопанство-Куманово со пет вработени  и две теренски  возила….

Read More

Утре ќе се одржи 36-та седница на Советот

Утре ќе се одржи 36-та седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешни општествено-политички организации утре со почеток во 10 часот ќе се одржи триесет и шестата седница на Советот на Општина Куманово.
На седницата ќе се најдат 61 точки, а советниците ќе расправаат за збирниот извештај за настанатите штети и проценетите последици од поплавата во март, како и за финансиските извештаи за годишно работење на јавните претпријатија  Водовод , Чистота и зеленило, Пазаришта и Куманово гас.
На дневен ред се годишната програма…

Read More

Патронажни сестри дел од проектот „Учиме заедно“

Патронажни сестри дел од проектот „Учиме заедно“

Обука на патронажни сестри за поддршка на семејствата и деца со пречки во развојот е дел од проектот „Учиме заедно“ кој денеска  беше реализиран во Куманово.  Програмата  има цел да ги едуцира патронажните сестри за да посамоуверено и покомпетентно се грижат за децата со посебни развојни потреби и за нивните семејства. Освен патронажните сестри во проектот се вклучени и родители на деца со посебни развојни потреби,  патронажни сестри – едукатори, техничари и акушерки и претставници…

Read More

Учениците лесно го изучуваат англискиот јазик

Учениците лесно го изучуваат англискиот јазик

По пет ученици од  петто, шесто и седмо одделение и пет ученици вкупно од осмо и деветто одделение ќе учествуваат на државен натпревар по англиски јазик кој ќе се одржи на 09 мај во Скопје. Овие ученици покажаа најдобри резултати на регионалниот натпревар во спелување  што се одржа викендов во основното училиште „Христијан Карпош“.  Покрај натпреварувачите  од кумановските централни и подрачни училишта, своето познавање на англискиот јазик го покажаа и учениците од Крива Паланка и…

Read More

Пролетен крос на пензионерите

Пролетен крос на пензионерите

Мирко Цветковски и Јасмина Тодоровска победија на пролетниот крос организиран викендов од здружението на пензионери од Куманово. Ова воедно беше и подготовка за општинскиот натпревар кој допрва ќе се одржи.
-Времето не послужи денеска, малку беше напорно, но битно е да се учествува, некој мора да биде прв, а некој последен изјави Мирко Цветковски,  пензионер
-Досега имам учествувано на две републички спортски пензионерски игри, имам бронзена и сребрена медала во дисциплината фрлање на ѓуле и трчање на…

Read More

Женски футсал на Државен натпревар

Женски футсал на Државен натпревар

Женската екипа во футсал од основното училиште „Магдалена Антова“ деновиве се подготвува за државниот натпревар во Скопје, откако претходно освоија  прво место и на општинскиот и на регионалниот натпревар.
 -Државниот натпревар ќе се одигра во Скопје од 14 до 16 мај, ќе учествуваат  од 6 до 8 екипи девојчиња, истовремено тоа ќе биде и Олимпијада  на која ќе земат учество учесници од сите спортови, ќе бидат застапени футсал, машки и женски, потоа ракомет, одбојка, кошарка и…

Read More

Првомајски пикник на Студена вода

Првомајски пикник на Студена вода

Со организирање Првомајски пикник на Студена вода кај Доброшане, здружението на резервните армиски и полициски ветерани планира да го одбележи Меѓународниот ден на трудот.  Организационо се подготвени, но потребна им е финансиска помош, велат од Организациониот одбор.
-Имаме веќе готови повици до граѓаните, разговарано за автобуски превоз, сцената, културно уметничките друштва кои ќе настапат да ги развеселат присутните, но финанасиски не сме подготвени. Бидејќи ние сме дел од една организација која се самофинансира од нашата скромна…

Read More

Обука за земјоделските производители

Обука за земјоделските производители

Сиво кафеавата дамка на пченицата,  рѓите и дамка во устите кај јачменот се најчестите болести кои последниве години ги напаѓаат житните култури и го намалуваат приносот за 30 до 40 проценти.  Вакви информации добија земјоделските производители  кои денеска ја следеа обуката „Болести и штетници кај пченица и јачменот“ која се организира во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Фитосанитарната управа, Државниот  земјоделски инспекторат и Фитосанитарната лабораторија. Насоките како земјоделците да се справат…

Read More

Ќе никнат ли згради во стариот градски парк?!

Ќе никнат ли згради во стариот градски парк?!

Откако поголемиот дел од дрвјата во стариот парк беа исечени, во градот се почесто се зборува дека на местото на зелената површина ќе се гради комплекс од станбени згради. Ваквите неофицијални информации наидоа на осуда кај граѓаните особено ако се знае дека на Куманово како град со повеќе од  100.000 жители му недостасуваат паркови. Најзасегнати се рекреативците кои и покрај тоа што не се задоволни од моменталната состојба во која се наоѓа паркот, сепак  порачуваат…

Read More
1 373 374 375 376 377 384