Тинејџер приведен, пронајдена прашкаста материја

Тинејџер приведен, пронајдена прашкаста материја

Осумнасетгодишен кумановец е лишен од слобода откако кај него била пронајдена прашкаста материја.
-Вчера во 00.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.П.(18 години) од Куманово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-информира полицијата.

Read More

На лов во Матејче повреден ловџија

На лов во Матејче повреден ловџија

Во СВР Куманово вчера било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, Општина Липково,  додека биле на лов, А.В. (37 години) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С. (45 години) од Липково. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово, информира полицијата. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

ВИДЕО: Здружението „Пчела“ подели 1.200 медоносни садници

ВИДЕО: Здружението „Пчела“ подели 1.200 медоносни садници

Здружението „Пчела“, во рамки на проектот „Да им помогнеме на пчелите“, на кумановските пчелари, нивни членови подели медоносни садници. Целта е со над 1.200 медоносни садници, од видовите еводија, каталпа, аморфа, бел јасмин, форзиција, спиреа, да им се помогне на пчелите, односно да се збогати пчелната паша.  Секој пчелар доби по 20-ина садници.

-Во овој случај сакаме да помогнеме на пчеларите, но на прво место да помогнеме на пчелата и да помогнеме воопшто во подобрувањето на…

Read More

Што по изборите во Бугарија – Решение или продлабочување на непријателството?

Што по изборите во Бугарија – Решение или продлабочување на непријателството?

Христијан Илиевски
Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

Неодамна се одржаа третите по ред парламентарни избори во Бугарија, овој пат во пакет со претседателските, кои имаат за цел надминување на политичката криза во која се наоѓа земјата по двата неуспешни обиди за…

Read More

Нема нови рестриктивни мерки, информираше Филипче

Нема нови рестриктивни мерки, информираше Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека не се во план да предложуваат нови рестриктивни мерки.
„Остануваме со овие мерки кои сметаме дека се добро димензионирани. Цело време ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој, се уште се испитува, па така нема потреба да правиме нови рестрикации. Временски период е кога може да има нови случаи, поладно е времето и луѓето се повеќе во затворени простории“, вели министерот.
Тој додаде дека на утрешната седница на Влада ќе…

Read More

Показна вежба за прва помош

Показна вежба за прва помош

Општинската организација на Црвениот крст на Куманово во соработка со Исламски младински форум одржа показни вежби од областа на прва помош. Во активноста учествуваа обучени волонтери по прва помош од екипата по прва помош од Клубот на млади. Настанот се одржа во Основното училиште ,,Бјарам Шабани‘‘, а присуствуваа 60 ученици од деветто одделение од сите основни училишта од Куманово.

Read More

Игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

Игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

Во тек е изградба на ново спортско игралиште во училишниот двор на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.
-Извршена е санација на асфалтната површина, изградена е заштитна ограда за целиот терен, во тек е поставување на трибини и следува поставување на еластична тартан подлога, обележување и поставување на спортски реквизити-информираше на Фејсбук, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Read More

Од среда ќесите ќе се наплаќаат по 15 денари

Од среда ќесите ќе се наплаќаат по 15 денари

Од среда во сите трговски објекти пластичните биоразградливи  ќеси ќе се наплаќаат по 15 денари. Ова го предвидува Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Досега, цената на ќесите зависно од трговските објекти чинеше од 1 до 10 денари.
Со оваа одлука, како што информираа од Министерството за екологија, се прави обид да се намали употребата на пластични ќеси, а граѓаните да се префрлат на ќеси кои ќе бидат за повеќе употреби изработени од…

Read More

Ковачевски ќе се кандидира за лидер на СДСМ

Ковачевски ќе се кандидира за лидер на СДСМ

Заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека ќе се кандидира за лидер на партијата, откако СДСМ ја утврди оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање.
– Во рокот од седум дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска…

Read More
1 382 383 384 385 386 878