Кумановци превезувале огревно дрво без лиценца

Кумановци превезувале огревно дрво без лиценца

Двајца кумановци се осомничени дека превезувале огревно дрво без да поседуваат лиценца, откако полицијата им ги запрела двете товарни возила вчера во кривопаланечко.
Во село Трново, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка запреле две товарни моторни возила, со кумановски регистарски ознаки, управувани од М.Ј.(66 години) и С.А.(53 години), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
При контрола во возилата било утврдено дека превезувале огревно дрво без да поседуваат лиценца.
Тие го признале кривичното дело и…

Read More

Кумановец со кривична за напад врз полицајци

Кумановец со кривична за напад врз полицајци

Триесет и осумгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека нападнал полициски службеници.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ж.А.(38 години) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при извршување работи од безбедноста“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Read More

(ВИДЕО) Димитриевски: Со заедништво и соработка до модерно Куманово

(ВИДЕО) Димитриевски: Со заедништво и соработка до модерно Куманово

77 -годишнината од ослободувањето на Куманово и 502 години постоење на градот денеска беа одбележани и со свечена академија на општина Куманово во НУЦК „Трајко Прокопиев“.
„Овој ден за нас кумановци е ден што претставува симбол на слободата, на победата, на вредностите кои треба да ги негуваме за сите нас, за нашите деца и идните поколенија. Овој ден е особено значаен во македонската историја“, рече во своето обраќање градоначалникот Максим Димитриевски.
– На денешен ден, во 1944…

Read More

(ВИДЕО) На Спомен Костурница одбележан 11-ти ноември

(ВИДЕО) На Спомен Костурница одбележан 11-ти ноември

Куманово го слави, Денот на ослободувањето, 11-ти ноември. На овој ден, 1944 година, по жестоки борби кои се воделе од први до 11-ти ноември, градот е ослободен од фашистичката војска. Во акциите за ослободувањето на Куманово учествувале две бригади од составот на кумановската дивизија и баталјон на народната одбрана. Во четиригодишната борба против фашистите учествувале над 2.000 кумановски борци, од кои 455 загинале.
По овој повод денеска традиционално бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на…

Read More

Пешак повреден на улицата „Никола Тесла“

Пешак повреден на улицата „Никола Тесла“

Четириесет и тригодишен пешак е потешко повреден, откако во него удрило возило на улицата Никола Тесла. Незгодата се случила вчера околу 17 и 40 часот, кога патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(19 години) од Куманово, удрило во пешак Д.Т.(43 години) од Куманово.
Во несреќата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информира кумановската полиција. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Read More

Претрес во липковско, пронајдено оружје

Претрес во липковско, пронајдено оружје

Утринава во село Лојане, општина Липково, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и СВР Куманово го лишиле од слобода З.И.(67 години) од село Лојане.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, две рамки за пиштолот и 50 куршуми, кои ги поседувал без дозвола.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде…

Read More

Куманово го слави Денот на ослободувањето, 11-ти Ноември

Куманово го слави Денот на ослободувањето, 11-ти Ноември

Куманово денеска одбележува 77 години од ослободувањето и 502 години постоење.
На 11-ти ноември 1944 година Куманово е ослободено од фашистичката војска. Жестоки борби за слобода се воделе од 1-ви до 11-ти ноември, а во акциите за ослободување на Куманово учествувале две бригади од составот на кумановската дивизија и баталјон на народната одбрана. Во четиригодишната броба против фашистите учествувале над 2000 кумановски борци, од кои 455 загинале.
Куманово, градот првоборец даде осум народни херои: Киро Фетак, Перо…

Read More

Отворена 19-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино“

Отворена 19-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино“

19 слики работени во техниката акрил на платно и колаж се поставени во изложбениот салон на центарот за култура како дел од 19-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“ во организација на Мултимедијалниот центар Карпино. изложбата беше отворена вчеравечер во претсрет на денешниот празник на градот, Денот на ослободувањето на Куманово, 11-ти Ноември.
Пред присутните се обратија претседателот на  МЦ „Карпино“, Зоран Павловски и Секретарот на општина Куманово, Александар Гелевски.
На ликовната колонија учествуваа уметниците: Маја Ефтимова Стојанова,…

Read More

(ВИДЕО) 79-годишен кумановец загина во пожар во склад во Средорек

(ВИДЕО) 79-годишен кумановец загина во пожар во склад во Средорек

79 годишен кумановец загина во пожар во склад на приватна фирма во населбата „Средорек“ во Куманово.
Противпожарната единица веднаш интервенирала со шестмина пожарникари и две возила, но мажот веќе бил починат. Според сведоштвата лицето се вратило да го гасне пожарот.
Причината поради која избувнал пожарот полицијата допрва ќе ја утврдува.

Read More

(ВИДЕО) Акција за чистење на Спомен костурница во пресрет на Денот на градот

(ВИДЕО) Акција за чистење на Спомен костурница во пресрет на Денот на градот

Вработени во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ заедно со членови на здружението „Кумановски акцијаши“  денеска организираа акција за чистење на Спомен костурница. Освен извршувањето на редовните активности, „Чистота и зеленило“ периодов ги поставува и новите контејнери кои беа добиени како донација, а подолг временски период беа сместени во депото на пајак службата. Надлежните посочуваат дека дел од новите контејнери веќе се распоредени во руралните средини, а ќе се продолжи во населбите и централното градско подрачје.
-ЈП…

Read More
1 394 395 396 397 398 878