Две награди за фризерското студио „Нате “

Две награди за фризерското студио „Нате “

Наташа
Додевска, сопственичка на фризерското студио „Нате“ од Куманово, освои две
награди на 22. Меѓународен фестивал на фризури и коса, кој викендов се одржа во Софија,
Бугарија. 

Додевска во
силна конкуренција освои прво и трето место за ретро и невестинска фризура. На
натпреварувањето учествувале фризери од Бугарија, Италија, Косово, Либан,
Сирија и други земји. Наташа беше единствена претставничка од Македонија.

Ова е
нејзина трета награда на меѓународно натпреварување, по она во Скопје и во
Подгорица, Црна Гора, што е потврда за нејзиниот квалитет во работата.

Студиото
„Нате“…

Read More

16-та генерација студенти на „Еуро Колеџ“

16-та генерација студенти на „Еуро Колеџ“

Денеска
почнува новата
академска 2019 /2020 –та година во
Македонија. Еуро Колеџ годинава ја запишува
16-тата генерација на бизнис студии во Куманово. Деканот на Еуро Колеџ, Љубиша
Петрушевски го посочува фактот дека драстично се намалува бројот на македонските
студенти поради се почестите иселувања на младите од државата. Но, од друга
страна пак, на колеџот студираат се повеќе странци, најчесто од Азија.

-Ние сме подготвени на еден таков удар од страна на
студентите бидејќи ние веќе од 2011-та работиме со студенти од Азија во нашиот
Центар во Дубаи и…

Read More

(ФОТО) Со проектот „На патот“ до поубав регион

(ФОТО) Со проектот „На патот“ до поубав регион

Мурал
насловен „Козјак“ од неодамна го разубавува ѕидот на основното училиште „Крсте Мисирков“. Уменичкото
дело кое го изработи
академскиот сликар Дејан Божиновски – Коска е во рамки на проектот „На патот“, кој го реализира
локалната акциона група АБЕР 2015, а е финансиран од швајцарската амбасада.

Проектот има за цел да им даде поддршка на уметниците, но воедно и да ја развие свеста кај локалната власт и бизнис заедницата, да го искористат креативниот потенцијал и заедно да придонесат за поубава…

Read More

Советникот Дервиши бара парцијална измена на ГУП

Советникот Дервиши бара парцијална измена на ГУП

Дали ќе се донесе парцијална измена и дополна на постоечкиот урбанистички
план додека не се донесе новиот Генерален урбанистички план?, праша  советникот Фериз Дервиши на денешната седница
посветена на советнички прашања. Дервиши смета дека треба побрзо да се преземе иницијатива
за изработка на ГУП, а паралелно да се изгласа парцијална измена на постоечкиот
донесен во 2004-та година бидејќи, според советникот, во градот владее општ
урбанистички метеж поради не совпаѓање на деталните со Генералниот урбанистички
план.

– Мислам дека треба побрзо да…

Read More

Одобрени 45 барања за поставување урбана опрема

Одобрени 45 барања за поставување урбана опрема

До секторот за комунални дејности при локалната самоуправа, годинава биле поднесени 80 барања од угостителите за поставување урбана опрема. Од нив нешто повеќе од половина биле одобрени.

-До секторот има пристигнато околу 70 барања за поставување на урбана опрема на државно и приватно земјиште на територија на општината. Од страна на секторот се одобрени 45 и по истиот основ се приберени околу 6 милиони денари. За сите останати кои немаат обезбедено одобрение се водат постапки…

Read More

Поставени 70 нови контејнери во градот

Поставени 70 нови контејнери во градот

Јавното
претпријатие „Чистота и Зеленило“ со сопствени средства набави и постави нови
70 контејнери во централното градско подрачје. Надлежните информираат дека се
заменети старите и дотраени садови за смет, а во тек е  процедура преку Североисточниот плански
регион, преку проект да се обезбедат уште дваесетина контејнери. Директорот на
претпријатието,  Даниел Стојчевски се
надева дека со создавањето на новата регионална депонија, ќе добијат и осум
нови возила за собирање на смет, со што ќе се реши проблемот со сегашните возила
кои често се подлежни…

Read More

Јакимовиќ: Родителите имаат поплаки за организацијата на екскурзиите

Јакимовиќ: Родителите имаат поплаки за организацијата на екскурзиите

Голем број
родители имаат поплаки за организацијата на училишните екскурзии кои што ги
реализира само една турстичка агенција во градот. Ова го истакна на денешната
седница, советникот Благојче Јакимовиќ, посочувајќи дека граѓаните прашуваат
зошто се прави монопол на пазарот, кога во градот има неколку туристички
агенции. За пример рече, при последната дводневна екскурзија во училиштето
„Крсте Мисирков“ од 15 анкетирани родители, 8 дале негативна оценка за
организацијата, а незадоволство изразиле и самите ученици.

-Дојдовме до сознание дека на дводневна ексркузија, полн пансион и…

Read More

Еко- акции во населба „Гоце Делчев“ и кај Соколана

Еко- акции во населба „Гоце Делчев“  и кај Соколана

„Заедно сите до чиста средина“  е
пораката која што биде испратена денеска од учесниците во еколошките акции во
населбата „Гоце Делчев“ и кај Соколана.

Организатор на еко-активностите во „Гоце Делчев“  беше основното училиште „Кочо Рацин“, во соработка со градинката „Ангел Шајче“, ЈП „Чистота и зеленило“, како и здруженијата  „Кумановски акцијаши“ и „ Не биди ѓубре“ . Вработени
во училиштето и во објектот „Пчелка“ , ученици, родители, активисти, масовно се
вклучија да го исчистат тој дел од градот од смет….

Read More

Се одбележува Денот на пенолозите

Се одбележува Денот на пенолозите

„Затвор Куманово е еден од најновите затвори во државата
согласно европските затворски правила“ , рече директорот на Управата за
извршување санкции, Јовица Стојановиќ кој што по повод одбележувањето на Денот
на пенолозите, 27 септември, денеска ја посети казнено- поправната установа во селото
Кшање. По обиколката на установата, пуштена во употреба во 2013-та година, Стојановиќ
констатираше дека последниве две години видливи се промените во однос на условите
во кои што престојуваат притворените и осудените лица во оваа установа, но и во
затворите низ…

Read More

Пуштено во употреба првото детско игралиште

Пуштено во употреба првото детско игралиште

Во населбата „Тоде Мендол“ вчера беше пуштено во употреба првото детско катче, проект на општинската организација на СДСМ Куманово. На теренот се поставени различни детски реквизити и урбана опрема, лулашки, клацкалки и клупи. Планирано е да се изградат вкупно 15 детски игралишта во различни делови на градот. Средствата како што посочи претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски ги обезбедиле членовите на партијата.

-Многу долг временски период во делот на ваквите содржини за најмалите…

Read More
1 647 648 649 650 651 878