Eколошка такса за нафтените деривати и намалување на ДДВ-то за струјата

Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните. Еколошката такса е дел од севкупната програма за екологија на Владата.

Отворивме еколошки фонд за да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија, во ветерници, фотонапонски ветерници и гасни електрани. Еколошката такса е 3,5 денари за нафтата за да се откажеме од нафта и нафтени деривати и да поминеме на користење на зелена енергија, да се движиме со велосипед, со тротинет и со електрични возила, рече премиерот Заев.

Во меѓувреме најави дека Владата планира да го намали ДДВ од 18 на пет проценти на сметките на електричната енергија за граѓаните да не го почувствуваат поскапувањето на струјата и тоа од први јули. Оваа стапка ќе важи до јули в година, кога ќе се зголеми на 10 отсто, стапка која ќе се задржи до јули 2023 година. А следната пак ќе се зголеми на 18 проценти.

 

Коментари

коментар(и)