Eдинаесет новозаболени во Липково, еден во Куманово

11 новозаболени жители на Општина Липково, еден граѓанин на Куманово и починат  74 -годишен пациент на Клиниката за кардиологија , позитивен на коронавирусот од Куманово регистрира министерството за здравство во последните 24 часа. Со последните податоци, вкупната бројка на активни случаи во општините Куманово и Липково изнесува 150, а од почетокот на епидемијата бројката на заразените со вирусот ковид -19 е 568.

На ниво на државата во изминатото деноноќие направени  се 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, најголем број од нив се во Скопје, 41 случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 тестирања  се во рамките на скринингот во градинки во Скопје и нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Коментари

коментар(и)