Eдно прекршување на полицискиот час во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (12.04/13.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 121 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 94, во Крива Паланка 14 и во Кратово 13.

За нив, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период едно лице во Куманово не ја почитувало забраната за движење и ќе биде соодветно санкционирано.

Коментари

коментар(и)