Kумановец измамен од роднина за 11.500 евра

Вчера во СВР Куманово,  О.Х. од Куманово пријавил дека бил измамен од член на неговото семејство за сума од 11.500 евра. Според пријавеното, неговиот роднина му понудил да му го продаде возилото, меѓутоа откако поминал подолг временски период тој дознал дека возилото било продадено, а истиот не добил парични средства.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Коментари

коментар(и)