Oколу 190 Роми вработени во локални институции и организации

Околу 190 Роми се вработени во јавните претпријатија и невладините организации во општина Куманово, покажува проектот на центарот за ромска заедница ДРОМ, насловен Јакнење и интегрирање на Роми преку вработување, кој е во рамки на коалицијата Заедничка иницијатива за зајакнување на Западен Балкан и Турција. Координаторот на проектот, Ресмие Асановска истакна дека истражувањето се извршило во 18 институции, од кои 3 јавни претпријатија и невладини организации.

-Добивме резултат дека се вработени 186 Роми од кои 120 во ЈП Чистота и зеленило, 20 во невладини организации и останатите по други претпријатија и инстутиции. Ние ова и го очекуваваме знаевме каква е состојбата со вработување на Роми сега очекуваме нешто да се направи иако се донесени повеќе локални акциони планови кои се усвоени и од општината кои се однесуваат на Ромите во суштина ништо од тоа не се имплементира и бројот на Ромите кои се вратени е прилично мал-истакна Ресмие Асановска координатор на проект.

Проектот Јакнење и интегрирање на Ромите преку вработување е подржан од Европската унија. Според последниот попис од 2002 година во Куманово живеат околу 2.500 Роми.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)