Oлигарси и политичари воопшто не плаќале даноци во Куманово (ВИДЕО)

По опсежната анализа во секторот за даноци и такси при Општина Куманово дојдено е до заклучок дека олигарси и политичари воопшто не плаќале даноци во Куманово – рече од советничката говорница Ненад Стојановски, раководителот на овој сектор. Одговарајќи на советничкото прашање што го постави Анета Шандева-Доневска, Стојановски потенцираше дека вкупно 350 лица, носители на функции, воопшто не го ни пријавиле својот имот во даночните служби. Во минатото како што појасни раководителот, постоела пракса земјишта кои биле впишувани како земјоделски, поради атрактивноста на локацијата со дополнителни приватни инвестиции да направат пренамена и да градат на истите.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)