Oд утре продолжува наставата и работата на градинките

Од утре децата се враќаат во училишните клупи. Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита за 12 проценти и се договорија за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април.

„Низ отворен дијалог, постигната е согласност за покачување на платата во образованието и во детската заштита за 12 отсто, кое ќе биде реализирано со ребалансот на Буџетот и започне да се применува со јулската плата. Договорот меѓу Владата и СОНК вклучува и заедничка соработка на креирањето на методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на оваа година и којашто ќе се применува од 2023 година, а која ќе е предмет и на општиот колективен договор“, соопштува Владата.

Владата и СОНК се договорија како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор да биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, кој ќе започне да се исплаќа од 2023 година, откако претходно ќе биде потпишан општиот колективен договор со јавниот сектор.

Коментари

коментар(и)