Oсмани и Селаковиќ на ГП Лојане – Миратовац

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, заедно со неговиот колега од Србија, Никола Селаковиќ, остварија посета на локацијата каде што е предвидено да се постави нов заеднички граничен премин меѓу двете земји Лојане -Миратовац.

Овој проект кој има значајни придобивки за граѓаните од овој регион кој ќе го олесни движењето, комуникацијата и регионалниот развој на овој дел од двете страни на границата.

Граничниот премин ќе го скрати патувањето на жителите од околните места кои и покрај територијалната близина, се принудени да патуваат десетици километри до постоечките гранични премини за да стигнат до своите роднини од другата страна на границата.

Договорот за граничниот премин Лојане Миратовац беше потпишан во декември 2019 година, а претстои усогласување на Протоколот за начинот на спроведување на граничните контроли на заедничкиот граничен премин, за што потоа ќе се превземат и кокретни активности за отворање на овој граничен премин.

Двајцата министри изразија подготвеност за интензивирање на активностите со цел што побрза реализација на овој значаен проект кој исто така го одразува духот на иницијативата Отворен Балкан за олеснета комуникација на народите.

 

 

 

Коментари

коментар(и)