(ФОТО) Излета автобус кој сообраќал кон Истанбул, патниците во добра состојба

(ФОТО) Излета автобус кој сообраќал кон Истанбул, патниците во добра состојба

Автобус на туристичка агенција, кој сообраќал кон Истанбул, попладнево околу  17 часот излетал и се превртел во близина на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка.

Како што информираат од кумановската полиција, три лица кои се здобиле со полесни телесни повреди, одбиле лекарска помош. Станува збор за автобус со турски регистарски таблички.
Патниците се уште под трауми, раскажаа дека до незгодата дошло откако автомобил им го пресекол патот, па возачот во обид да се избегне посериозна незгода, со автобусот излетал…

Read More

(ВИДЕО) И младинската екипа на ЖРК шампион во државата

(ВИДЕО) И младинската екипа на ЖРК шампион во државата

Ракометарките на Куманово ја освоија титулата во младинска конкуренција во домашниот шампионат, откако го совлада составот на Металург со резултат 24:23. Ова е трет пехар за Женскиот ракометен клуб Куманово, откако сениорскиот состав освои двојна круна, со победа во првенството и купот минатиот месец.

Read More

(ВИДЕО) Вработените во СВР Куманово даруваа крв

(ВИДЕО) Вработените во СВР Куманово даруваа крв

СВР Куманово денеска организираше крводарителска акција во просториите на Центарот за култура. Според надлежните,  радува фактот што интерес за крводарителство покажуваат и лица кои што досега не дарувале крв. Повеќе од изјавата на Виолета Богдановска, началничка на Отсек за превенција во СВР Куманово.

Read More

Демант на градоначалникот Димитриевски за прес конференција на ВМРО ДПМНЕ

Демант на градоначалникот Димитриевски за прес конференција на ВМРО ДПМНЕ

Обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ се празни, неиздржани и невистинити. Во Куманово се инвестира и гради подземна и надземна патна инфраструктура, партерно уредување, нови излетнички места, зелени површини, се реконструираат постоечки спортски капацитети, се градат нови училишни спортски сали и игралишта, стои во демантот од градоначалникот Максим Димитриевски, на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Се вложува во водоснабдувањето со инсталирање на најсовремена опрема  и СКАДА систем на паметно управување во водоснабдувањето, промена на електронски броила и реконструкција на…

Read More

(ВИДЕО) Стошевски: Куманово со СДСМ нема перспектива!

(ВИДЕО) Стошевски: Куманово со СДСМ нема перспектива!

Зошто локалната власт предводена од Максим Димитриевски не отпочна со реализација на ветениот капитален проект, изградба на цевководот Куманово – Липково?- праша Сашо Стошевски од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Според Стошевски, системот поставен кон крајот на 60-те години на XX век, одамна не може квалитетно и во целост да ги задоволи потребите за вода на граѓаните на општина Куманово.
-Со најавениот проект предвидуваа ново зафаќање на водите околу езерото Глажња и изградба…

Read More

Кумановка пријавила обид за измама за 5.000 евра

Кумановка пријавила обид за измама за 5.000 евра

Во СВР Куманово, вчера во 19 часот, 45-годишна жена од Куманово пријавила дека едно лице се обидело да ја измами за сума од 5.000 евра.
Според пријавеното, околу 13.45 часот и се јавило лицето, кое лажно се претставило велејќи и дека имало анонимна пријава против нејзината фирма, но дека може да и помогне доколку плати 5.000 евра за услугата, информира полицијата.
Како што е пријавено, таа се посомневала дека е предмет на можна измама и не ја…

Read More

Општината потпиша меморандум за соработка со угостителите

Општината потпиша меморандум за соработка со угостителите

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, во име на Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово.
Со меморандумот се предвидува угостителите да бидат вклучени во креирање и реализација на културната програма во градот.
-Овој документ има за цел воспоставување на соработка во рамките на Програмата за култура, во  реализација на општината, соопшти градоначалникот Димитриевски на социјалните мрежи.

Read More

Договор за внатрешно уредување на Спортската сала

Договор за внатрешно уредување на Спортската сала

Градоначалникот на Куманово и директорот на Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа потпишаа договор со кој ќе се реализира проектот за внатрешно уредување на спортската сала.
-Согласно Одлуката на Владата за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2021 и 2022 година, потпишав Договор со директорот, Рамиз Реџепи за реализација на проектот „Внатрешно уредување на спортската сала во Куманово”, информираше на социјалните…

Read More

(ВИДЕО) Се рехабилитира и патот од Куманово до село Војник

(ВИДЕО) Се рехабилитира и патот од Куманово до село Војник

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, како и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска извршија увид во рехабилитација на магистрален пат Куманово – Страцин. Регионалниот пат Куманово -Старцин се  рехабилитира во две фази. Првата е од Куманово до село Војник во должина од 15 километри , за што се инвестирани 4,7 милиони евра. Градежните работи започнаа…

Read More

(ВИДЕО) Помалку болни од ковид 19, се затвора модуларната болница

(ВИДЕО) Помалку болни од ковид 19, се затвора модуларната болница

Модуларната ковид болница во Куманово ќе се затвори. Во неа повеќе нема да се примаат пациенти на кои им треба хоспитализација. Причина за затворањето е значајното намалување на бројот на позитивни и заболени лица во регионот. За третман на новозаболени ќе продолжи со работа ковид 1 одделението, сместено на инфективниот оддел.
-Бројката и кај нас конечно е на тоа ниво да можеме да работиме само на еден пункт со ковид пациенти. Со последниот извештај имаме вкупно…

Read More