Членовите на Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши“ денеска при протоколарна посета на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ каде на директорот Сашо Петрушевски му ја врачија благодарницата за успешна соработка во текот на изминатата година.
Како што изјави претседателот на здружението Јусуф Љатифи, соработката на проектите ќе продолжи и во текот на оваа година, меѓу кои и втората фаза од проектот „Куманово 2016“.
Со ова јавно прептријатие имаме исклучително силна соработка и има причина да верувам дека таа соработка ќе продолжи и вот текот на 2017 година. Тоа се активности во 2016 година, кои се некаде околу десетина, кои беа реализирани во перидот јуни-јули, поточно проектот „Еко Куманово“, потоа имавме заеднички проекти на Спомен Костурница, кај „Кошеви“ имавме заеднички проект, во населбата Пуковско имавме пошумување и ред други активности – рече Љатифи.
Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Петрушевски вели дека со оваа благодарница се заокружува плодната соработка во изминатата година и најави продолжување на соработката со насока на зголемување на обемот на акциите.
Оваа година ќе одиме до тој степен да тие се почести првин со тоа што ќе имаме акционен план, каде покрај „Кумановски акцијаши“ ќе инсистираме и на приклучок и на други релевантни организации, бидејќи знаете по закон за домување, стамбените задруги кои се задолжени за одржување на хигиената во дворовите, во стамбените куќи и сите оние претседатели на куќните совети на кои ќе инсистираме сетоа ова што ќе го направиме да го одржуваат заедно со нас како би можело во наредните години Куманово да биде почисто. Морам да истакнам дека сум задоволен и среќен што постои ваква организација и би сакал да истакнам дека јавното претпријатие е отворено со сите здруженија, невладини, правни лица, кои сакаат да дадат допринос кон расчистување на Општина Куманово – изјави Петрушевски.
Претпријатието и здружението „Кумановски акцијаши“ во наредниот период ќе го започнат проектот за чистење на крајбрежјето на реките Кумановска и Липковка, заедно со повеќе волонтерски организации од државата и регионот.