(ВИДЕО) Набавена нова опрема во Филтер станицата

Јавното претпријатие „Водовод“ од сопствени средства, но и со поддршка на Министерството за транспорт и врски, набави нова опрема за Филтер станицата. Со оваа опрема која е набавена по 40 години, се очекува значајно да се подобри квалитетот на водоснабдувањето во Куманово, но и ќе се овозможат побезбеди услови за работа на вработените.

Нова современа опрема, по 40 години доби фабриката за преработка на вода, односно Филтер станица во Куманово. Со баждарницата за водомери, и хлорна постројка, надлежните од јавното претпријатие „Водовод“, очекуваат значајно да се подобри квалитетот на водоснабдувањето, но и да се намалат загубите на вода од три од пет проценти. Баждарницата за водомери и пескарницата, се во рамки на проектот СКАДА преку Министерството за транспорт и врски.

-Таа може да биде во функција, се очекува само завршување на обуки и добивање на акредитации од Бирото за метрологија. Со овој проект ќе може јавното претпријатие „Водовод“ Куманово да врши баждарење и сервисирање на заменетите водомери, постоечки а веќе заменети водомери-истакна директорот на ЈП „Водовод“ Куманово, Оливер Стојмановски.

-Со оваа техника што ја добиваме во делот на баждарење и на верификации и калибрација на водомерите за домаќинства и за индустрија ќе имаме еден вид лична карта за секој водомер и ќе знаеме точно, кога, каде кој е баждарен, кога е систематизиран и калибриран-истакна Бојан Петрушевиќ, инженер во Филтер станица Куманово.

Со набавка на опрема за нова хлорна постројка, се очекува да се обезбеди софистициран, мониториран и побезбеден процес на обработка на сировата вода.

-Во однос на постојката за хлорирање така исто така е заменета во текот на години од како е и самата Филтер станица, но последнава што е добиена од набавка на ЈП „Водовод“ Куманово е најсовремена, побезбедна е за ракување, сите информации што ги добиваме ги отчитуваме во реално време, тие се систематизираат и складираат на определено место и истите податоци можеме потоа да ги анализираме и да дадеме извештај кон надлежните органи-дополни Петрушевиќ.

За набавката на хлорната постојка која веќе е во функција, јавното претпријатие „Водовод“ одвои шест милиони и шестотини илјади денари.