Буџетот на општина Куманово за 2022-та година е развоен во вкупен износ од две милијарди 129 милиони денари, истакна на вчерашната седница на Советот, раководителот на Секторот за финансиски прашања, Ирена Илиевска.
Според Илиевска, од вкупниот буџет, основниот буџет односно сопствените приходи на општината се 886 милиони денари, што значи дека во однос на минатата година е зголемен за 214 милиони денари и е со многу покрупни проекти во однос на сите претходни буџети.
