Три лица се повредени при судир на „мерцедес“ и „цитроен“ на локалниот пат село Пчиња – Куманово, соопштија од Секторот за внатешни работи Куманово.
Според пријавата во полицијата, вчера во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи од село Пчиња, на возраст од 23 и 55 години, додека со телесни повреди сопатникот од патничкото возило „мерцедес“, 28-годишен кумановец, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
