Граѓаните ќе бидат вклучени во креирање на општинскиот буџет

Граѓаните можат да пополнат онлајн анкетен прашалник и да се вклучат во креирање на буџетот на Општина Куманово за 2022 година, напиша на ФБ градоначалникот Максим Димитриевски.

„Со вашите предлози и идеи ќе придонесете за креирање на буџет, кој ги рефлектира потребите на граѓаните. Анкетата ќе биде активна заклучно со 07/12/2021“, објави утрово Димитриевски.