Давид Спасовски стигна до осминафинале

Изминатата недела во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа европското првенство во кик бокс дисциплини за јуниори и кадети каде учество зедоа над 1.500 натпреварувачи од 37 земји.

Учесник беше и репрезентацијата на Македонија која се претстави со 37 натпреварувачи, а освои вкупно 10 медали од кои седум сребрени и три бронзени.

На првенството учествуваше и член на Кик-бокс клубот Куманово 2006, Давид Спасовски, кој се натпреваруваше во јуниорска конкуренција до 18 години, во категоријата -79 килограми, дисциплина кик лајт и обезбеди свое учество во соминафиналето каде се сретна со противник од Италија.

Давид ја загуби борбата, но се претстави во одлично издание покрај една ваква силна конкуренција. Неговиот тренер Сашо Илиевски е задоволен од постигнувањата на Спасовски за кого вели дека во одлично издание го претставил клубот и градот Куманово.

Турнирот беше во организација на светската кик бокс организација WAKO, а во соработка со Кик-бокс федерацијата на Република Македонија.

Коментари

коментар(и)