Дваесет нови случаи, позитивни на Ковид 19, се регистрирани изминатото деноноќие во Куманово. Според статистиката на Министерството за здравство, последните 24 часа направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи.
- Скопје – 178
- Велес – 27
- Куманово – 20
- Прилеп – 16
- Штип – 13
- Струмица – 10
- Охрид – 9
- Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8
- Битола – 7
- Кочани и Гевгелија – по 5
- Свети Николе – 3
- Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2
- Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 6.924
