Дел од кумановските села се два дена без струја

Дел од кумановските села втор ден се без електрична енергија, реагираат мештаните до медиумите. Потврдуваат дека екипи на Електродистрибуција се на терен, но засега снабдувањето со електрична енергија не е стабилизирано.

Од Електродистибуција велат дека вчера нивни екипи веднаш излегле на терен и го нормализирале снабдувањето со електрична енергија за поголемиот дел од засегнатите села.

„Екипите продолжуваат со работа се до целосна санација на дефектот и нормализирање на снабдувањето и за преостанатиот дел од корисниците“, посочуваат од Електродистрибуција.