Дефекти и интервенции на водоводната мрежа денеска

Јавното претпријатие „Водовод“ информира за дефектите и интервенциите на водоводната мрежа во текот на денешниот ден. Станува збор за улиците:

-ул. „11 Ноември“ (надвозник со автопат Е-75) – ископ на ров и подготвителни работи за вградување на секторски затворач на водоводна мрежа,

-ул. „Веселин Маслеша“ – испитување на водоводна мрежа за прецизно лоцирање на дефект на водоводна мрежа,

-ул. „Трајко Прокопиев“ – поправка на затворач на водоводна мрежа,

-ул. „Лесковачка“ – утовар и одвоз на вишок земја од ископ на ров за поправка на дефект.