ЖРК Куманово ги совлада ракометарките на Прилеп

Женскиот ракометен клуб Куманово на домашен терен ја доби првата победа во рамките на новата сезона од женската супер лига, откако ја совлада екипата на ЖРК Прилеп со резултат 29:23.

Кумановки на дуелот беа фаворити, а во првите триесетина минути се боереа за рамнотежа во резултатот, за да на средината на првото полувреме прилепчанки имаат предност од четири голови, но сепак првиот дел од натпреварот заврши со резултат 14:14.

Второто полувреме сепак беше резервирано за екипата на ЖРК Куманово кој уште на старот успеа да поведе со четири поени, за да предноста ја одржи до крајот на самиот меч кој заврши со резултатот 29:23.

Со дадени 10 гола најдобра на натпреварот беше Викторија Пеовска, а овој меч помина без настапот на првиот голман Бисера Паскал, која минатата сезона дојде во редовите на ЖРК Куманово од хрватскиот клуб Арена Пула од Хрватска.

Како што истакнуваат од управата на клубот во тек се активни преговори за нов голман, а во меѓувреме на оваа позиција ќе биде ракометарка од младинскиот состав.

Следниот натпревар ќе се игра на гостински терен против екипата на ЖРК Пелистер од Битола.

Коментари

коментар(и)