Изложба на графики на Момчило Аврамовски

Академскиот сликар Момчило Аврамовски ги почести љубителите на уметноста со триесетина графики работени во техника линорез и комбинирана техника со наслов ,, Чудесен свет,,. Долгогодишниот уметник и поранешен професор по ликовно образование сеуште активно твори иако се вбројува во групата на академски сликари од  постарата генерација.

 -Во уметноста годините не се најважни човек кој има мерак да твори тој наоѓа време и начин за работење и успева во она што го замислил. Сликите што се поставени се графики и поретко се застапени на изложбите. Графиката го тера човекот да размислува и да работи како навистина гледа во природата. Таа вистина се заснова на размислувањето на уметникот не само да гледа туку и да додаде нешто од своите чувства – вели Аврамовски.

Аврамовски потенцира дека графиката не е лесна и неможе секој да ја работи бидејќи бара повеќе размислување поради просторот како предметите се отсликуваат во природата.

Коментари

коментар(и)