На градскиот плоштад утре со почеток во 11 часот ќе се одржи изложба на класични автомобили – „олдтајмери“ во организација на клубот „Олдтајмер Витези“.
Како што информираше Стефан Трендафиловиќ, претседател на клубот „Олдтајмер Витези“ пријавени се околу 100 возила досега.
–Имаме пријавени од цела Македонија, Србија, Хрватска и од Босна и Херцеговина. Ова е шеста изложба за клубот, имаме правено изложба и во Крива Паланка за Велигден, што исто така станува традиционален собир што ние го организираме, изјави Трендафиловиќ.
