Ковачевски: С.Македонија ќе претседава со ОБСЕ наредната година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска прими висока делегација од ОБСЕ.

„Годината 2023 ќе биде мошне важна и за Северна Македонија и за ОБСЕ и се надевам дека за време на нашето претседателство со ОБСЕ, кое што ќе го преземеме идната година, ќе имаме целосна соработка и ќе се посветиме на решавање на важни прашања“, рече Ковачевски.