Костовски: Младите имаат шанса да ја однесат Македонија напред

Младите имаат шанса да ја однесат Македонија напред, бидејќи членството во НАТО и Европската унија гарантира подобар живот за сите млади, рече денеска на прес конференција Мартин Костовски, претседател на Општинската организација на СДСМ Куманово.

За младите, како што вели Костовски, тоа ќе значи развивање на вештините за активно учество на пазарот на трудот.

– Развојот на Македонија можеме да го постигнеме само преку влегување во сојузот на големите светски сили во рамноправна членка со право на глас. Европската унија е семејство на народи каде што земјите си помагаат една на друга за да изберат безбедност, да споделуваат можности да создаваат економски придобивки за секоја земја членка на семејството. Почитувани кумановци затоа во недела не се седи дома, недела е ден за историска одлука, ден за гласање. Што и да направиш во недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата. Ти одлучуваш, во недела излези и гласај „за“ за Европска Македонија, рече Костовски.

Како што потенцираше првиот човек на општинската организација на СДСМ секој глас „за“ носи подобра иднина за нашите деца, кои бараат да живеат во здрава животна средина, безбедна и стабилна држава и затоа имаме обврска да излеземе и да помогнеме Македонија конечно да тргне напред.

Костовски ги повика граѓаните на Куманово утревечер да бидат дел од трибината на Коалицијата „За европска Македонија“ на која ќе учествува потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Настанот ќе се одржи со почеток во 19:30 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)