Кумановци превезувале огревно дрво без лиценца

Двајца кумановци се осомничени дека превезувале огревно дрво без да поседуваат лиценца, откако полицијата им ги запрела двете товарни возила вчера во кривопаланечко.

Во село Трново, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка запреле две товарни моторни возила, со кумановски регистарски ознаки, управувани од М.Ј.(66 години) и С.А.(53 години), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контрола во возилата било утврдено дека превезувале огревно дрво без да поседуваат лиценца.

Тие го признале кривичното дело и по насоки на дежурен Јавен обвинител на нив ќе им бидат поднесени соодветни пријави.