МЗ: 38 новозаболени и тројца починати граѓани на Куманово според вчерашната статистика

Тројца починати и 38 новозаболени од коронавирус во Куманово покажуваат последните податоци од вчера согласно статистиката на Министерството за здрваство. Починатите граѓани на Куманово биле на возраст од 48, 69 и 93 години.

На ниво на државата биле регистрирани 490 нови случаи на ковид-19, 11 смртни случаи и 201 пациенти оздравени.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 5.974 ,а во Куманово 481.