Министерот Зоран Љутков на средба со угостителите од Куманово

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера се сретна со претставници на угостителството, туризмот и занаетчиството во Куманово.

Како што истакна минитерот Љутков, разговарале за унапредување на инфраструктурата, подобра промоција на туристичките ресурси и посилна поддршка за занаетчиството како дел од нашето културно наследство.

„Министерството за култура и туризам ќе продолжи со поддршка за локалните заедници и бизниси, создавајќи нови можности за младите и жените во својот роден крај“, потенцира Љутков.