Поради дефекти на водоводната мрежа, три локации во Куманово денеска времено ќе бидат без вода.
Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Вардарска“ и „Борко Танев“, како и населбата Средорек.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
