Нова ракометна школа во Куманово

Новата ракометна академија „Старс“ деновиве започна со работа во Куманово и на сите заинтересирани потенцијални ракометари ќе им овозможи квалитетен професионален развој.

Основач на академијата е Катерина Николовкса, дологогдишна ракометарка од Куманово, која е дел и од женската репрезентација на Македонија. Засега постои голем интерес кај младите, а првиот тренинг започнува веќе утре.

За почеток ќе имаме пријателски натпревари во Македонија, поканети сме и на меѓународни турнири во соседните држави во Србија и во Грција, а од наредната година се надеваме дека ќе почнеме со натпреварување во лигата – вели Николовска.

За почеток „Старс“ ќе започне да функционира како академија, но со аспирации да прерасне во вистински професионален клуб, со оглед дека Куманово во себе го нсои спортскиот ракометен дух.

Тренинзите ќе бидат тука во спортската сала во Куманово, понеделник и петок во 11 часот претпладне и попладне во 17 часот во спортската сала на „Браќа Миладиновци“ во 19 часот и салата во „Христијан Карпош“ во недела. Со дечињата од академијата ќе работи и кондиционен тренер Виктор Колевски за почеток, а понатаму се зависи од потребите на академијата ќе имаме и плус некои други предмети – додава Николовска.

Јуниорите на академијата се презадоволни што ќе имаат можност да се усовршуваат во спортот кој го обожаваат и порачуваат сите млади да започнат да се занимаваат со спортот.

Спроед мене спортот е баш добра работа и би им препорачала на сите да се занимаваат со спортот – изјави Ангела Милановска

 Очекувам да станам познат ракометар. Важна работа е спортот, да се запишат на ракометот и да видат дека е забавно – изјави Кристијан Арсовски.

Инаку во градот функционираат повеќе ракометни школи кои на младите им овозможуваат простор да тренираат и еден ден да ги оствараат своите амбиции да станат професионалци во ракомет.

Коментари

коментар(и)