Одржана втората фокус група од проектот „Развој на општествена одговорност“

 

Развој на општествена одговорност е проектот на кој кумановската локална Телевизија „Плус“ активно работи оваа лето, а денеска беше одржана и втората фокус група на која учествуваа млади кумановци на возраст од 17 до 20 години.

Како што посочи директорот на Телевизија „Плус“, Драган Ивановски,резултатите од првата работилница дале добри насоки во поглед на тоа каде се недостатоците во градот и работата на локалната самоуправа, кога фокус групата беа претставниците на медиумите и невладиниот сектор.

–  Денеска работиме со млади од 17 до 20 години и се надевам искрено дека ќе добиеме уште подобри насоки за тоа што им треба, особено на младите. Граѓаните воопшто многу често се незадоволни од работата на локалната самоуправа, но многу ретко се обидуваат да ги корегираат со свои предлози и идеи. Ние се обидуваме тоа да го потикнеме. Младите веројатно се една од најнезадоволната група, обично најмногу се жалат дека немаат ниту можност, ниту средства ниту услови каде би можеле да дојдат до исполнување на своите активности и права и се надеваме дека токму младите кои се присутни на денешната фокус група ќе ни дадат добри насоки и идеи за тоа што би требало да преземе локалната самоуправа за да имаат подобри услови за живот, изјави Ивановски.

 

 

Како што додава Ивановски, преку овој проект, но и со свои други активности, Телевијза „Плус“ се обидува да ги потикне граѓантие да бидат поактивни и да ја следат работата на локалнта самоуправа, а на тој начин да даваат идеи како проблемите кои ги имаат да се решат.

Проектот предвидува уште една работилница на која на маса ќе седнат претставници од јавните институции, кога и ќе бидат споредени плановите на локалната самоуправа и она што досега го имаат предложено граѓаните.

– Веќе е снимено видео кое исто така нуди можност, односно ги потикнува граѓаните и им дава поттик и пример како може да делуваат самостојно преку медиумите и граѓанските организации до локалната самоуправа за да пристапи до решавање на тие актуелни проблеми. Многупати многу лесно некои проблеми се решаваат со мала интервенција преку социјалните мрежи или телефонски повик од страна на граѓаните бидејќи многупати локалната самоуправа воопшто нема регистрирано таков вид на проблем, нема размислено во таа насока и тогаш пристапуваат и го решаваат тој проблем, рече Ивановски.

 

 

Во рамките на проектот кој кумановската телевизија го спроведува  со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, ќе бидат емитувани и 16 емисии во кои же гостуваат претставници на локални и државни институции каде ќе бидат соочени со проблемите и идејните решенија на граѓаните.

Во завршнта емисија која се очекува да биде во јануари следната година, мислење на овие теми се очекува да даде и градоначалникот Максим Димитриевски.

Коментари

коментар(и)