Излезноста во вториот круг од локалните избори е 19,96 отсто на територија на целата држава, соопшти Државната изборна комисија.
– Во скопските општини излезеноста е во Аеродром 19,21 отсто, Бутел 13,30, Гази Баба 14,24, Ѓорче Петров 15,92, Карпош 22,14, Кисела Вода 19,57, Сарај 3,58, Центар 21,58, Чаир 5,34 и Шуто Оризари 12,78 проценти. Најголема излезеност за градоначалник на Скопје има во Карпош, Центар и Кисела Вода, а најмала во Сарај и Чаир, соопшти Државната изборна комисија.
Послаба заинтересираност за гласање има и во Куманово, каде процентот е нешто над 13.
