Околу 1.650 повици во просек дневно примаат диспечерите на новоотворениот број за итни повици 112. Покрај овој број сè уште функционираат постојните броеви 192, 193 и 194, на кои може да се побара итна медицинска, полициска или противпожарна помош.
Планирано е овие броеви да бидат во функција уште една година, а во меѓувреме, како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) под чија надлежност е Оперативниот центар на 112, граѓаните ќе треба да го научат новиот број за итни ситуации.
