Ученици од повеќе подрачни училишта во неколку кумановски села добија пакетчиња и играчки од невладината организација ЦСИ Линк.
– Кумановските рурални средини сепак не се заборавени од сите! Оваа година Здружението за подршка, интеграција и ресоцијализација на лица во социјален ризик ЦСИ ЛИНК во соработка со професорката од основното “Толи Зордумис” Куманово Емилија Веселиновска под мотото подели пакетче подели радост поделија 100 пакетчиња за учениците од следните училишта „Христијан Карпош” село Бајловце, „Вера Которка” село Клечовце, „Кочо Рацин” село Градиште, село Кучкарево и село Габреш и пакетчиња и играчки за дечиња од ова подрачје кои се од семејства под социјален ризик, изјави Претседателката на здружението Моника Чекаловиќ. Чекаловиќ упати повик оваа акција да претставува поттик за останатите и во наредните години учениците повторно да добијат новогодишни подароци.
