Пауновиќ: Куманово е чувар на културата, традицијата и уметноста

„Куманово е чувар на културата, традицијата и уметноста“, кажа на денешната прес-конференција Јелена Пауновиќ, кандидат за советник од Движење ЗНАМ -За наша Македонија.

„Ќе се продолжи со зголемување на буџетот за културни програми, целосно финансирање на традиционални настани кои се дел од културниот идентитет на градот, како и поддршка на најуспешните културни манифестации кои ќе се издигнат на регионално и меѓународно ниво. Ќе се спроведуваат активности за заштита и ревитализација на културното наследство, изработка на туристички водич за култура и историја на Куманово, промоција на локални атрактивни дестинации и организирање на манифестации како Кумановско културно лето, филмски фестивал на отворено, театар на отворено, фестивали, базари и програми за сите возрасти. Куманово не е само град на историја, туку град на создавање. Град кој дише преку уметноста, се гордее со своите таленти и живее преку својата култура. Затоа, нашата мисија е јасна – да го зачуваме она што нè дефинира и да создадеме нови културни вредности што ќе ја инспирираат иднината. Куманово останува град на уметноста, традицијата и гордоста,“ порача Пауновиќ.