Русинка приложила лажен ПЦР тест на Табановце

На граничниот премин „Табановце“, вчера полициски службеници ја привеле А.К.(25 години) од Русија, затоа што при контрола приложила ПЦР тест за кој по извршена контрола било констатирано дека е фалсификат, информира полицијата.

Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија Куманово за понатамошна постапка.