Руски ученици на гости во кумановската Гиманзија

Делегација од 14 члена на рускота Гимназија од Санктпетербург пристигна во Куманово во посета на Гимназијата „Гоце Делчев“. Посетата на гостите ќе трае до 11 мај. Освен активностите во училиштето планирана е и посета на културно-историски знаменитости и запознавање со нашата земја.

-За денеска се планирани активности кои се составен дел од семинарот рускиот јазик амбасадор на дружбата и културата. Завршниот дел е тркалезна маса на која ќе бидат доделени дипломи- вели Биљана Коцевска, професор по руски јазик.

Збратимените училишта ја започнале својата соработка од 2006-та година и веќе неколку пати ги разменуваат посетите. Наредната година во мај се предвидува учениците од Гимназијата да заминат за Русија.

-Веќе по трет пат сум во Мекедонија многу ми се допаѓа вашиот град и вашето гостопримство. Пред шест години го потпишав договорот за соработка – вели Елена Васиљевна, директор на Гимназија од Санктпетербург.

-Не само што сум по четврти пат, тука  секое доаѓање носи нови моменти и јас секогаш се зачудувам колку воспитани ученици има гимназијата- вели Надежда Васиљевна, раководител на проектот.

Руските ученици се од завршните класови и се сместени кај нивните врсници. Тие објаснуваат дека им е интересно да ја изучуваат културата, историјата и традицијата на македонскиот народ.

-Неформална атмосфера многу ми се допаѓа и имам многу македонски другари многу ми е интересно да се дружам со нив и да дознавам за нивниот начин на живот- објаснува ученичка од Русија.

Целта на збратимување на двете училишта  е дружењето и запознавање на различни култури и традиции. Со овој проект се очекува и популаризација на рускиот јазик кој во последно време е маргинализиран.

Коментари

коментар(и)