Субвенции за вградување сончеви колектори

Министерството за економија по пат на јавно извлекување ќе надомести дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2016 година. Враќање на дел од средствата можат да добијат граѓаните кои набавиле колектори во период од 21 јануари до 31-мај годинава. 

Повратот на парите изнесува до 30 отсто од вредноста, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност, под услов да не е искористено правото на претходно објавените јавни огласи.

Барателот треба да достави документ со изјава дека го нема искористено правото на враќање на дел од средствата на претходните огласи објавени во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година и фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршено купување.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок кое треба да се достави до Министерството за економија.

Јавното извлекување на лицата кои ќе може да се стекнат со правото на надомест на дел од средствата ќе се одржи на 4-ти јуни во Спортскиот центар Борис Трајковски.

 

Коментари

коментар(и)