Основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната и од утре се на тринеделен зимски распуст.
Предвидено е да се вратат на настава на 20 јануари, според календарот на Министерството за образование и наука (МОН).
Засега не е планирано одложување на второто полугодие бидејќи надлежните сметаат дека епидемиолошката состојба е стабилна.
