Ќе се реконструира подрачното основно училиште во село Љубодраг

После празниците почнува реконструкцијата и адаптацијата на подрачното основно училиште на основното училиште „Карпош“ во село Љубодраг, Куманово, информираа денеска надлежните од училиштето. Проектот, финансиран од Министерството за образование и наука предвидува реконструкција на покривот, подовите и тоалетите, замена на прозорците и вратите, како и изградба на нов систем за парно греење на пелети. Објектот ќе добие и енергетски ефикасна фасада, нова водоводна инсталација, но и адаптација на санитарните јазли и пристапни рампи за ученици … Continue reading Ќе се реконструира подрачното основно училиште во село Љубодраг