Албанец приложил туѓа патна исправа на Табановце

Дваесет и едногодишно лице од Албанија било приведено откако на граничниот премин Табановце приложило туѓа патна исправа, информира полицијата. Имено, два часа по полноќ при извршена контрола било констатирано дека К.Г. од Република Албанија употребил туѓа патна исправа. Извршен бил преглед и претрес на лицето и багажот и било констатирано дека станува збор за К.Г.(26 години) одАлбанија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.